| |

Европратеникот Андреј Ковачев оваа недела ќе гостува во македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“

Бугарскиот европратеник д-р Андреј Ковачев ќе гостува во македонско- бугарскиот поткаст Коридор 8 оваа недела 14 мај со почеток во 19 часот/ 20 часот (бугарско време) на You Tube.

Освен за инцидентот на границата што се случи на 6 -ти мај кога тој и д-р Милен Врабевски не беа пуштени да влезат на територијата на РС Македонија, Ковачев ќе зборува со своите домаќини водителите Георги Станков и Атанас Величков на следните теми: Евроинтеграцијата на РС Македонија, причините зошто не се спроведува францускиот предлог , мотивите на политичкиот естаблишмент да води антибугарска кампања, човековите права во земјата и др.

Во емисијата ќе се вклучи младиот правник од РС Македонија, Јован Николов, кој ќе го каже својот став во однос на работната група за уставните измени во РС Македонија и ќе даде осврт на проблемот со внесувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија.

Слични Објави