| |

Османи: Со Петар Колев разговаравме за актуелните внатрешно-политички прашања, но и за севкупниот контекст на дијалогот Софија-Скопје

„Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни“, напиша Османи на својата официјална facebook страна по средбата со лидерот на Граѓанско Демократска Унија ГДУ, Петар Колев.

„Ни треба кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава“, додава Османи.

Првиот дипломат на РС Македонија соопшти уште дека со Колев размениле мислења за актуелните внатрешно-политички настани, но и за севкупниот контекст на односите во однос на дијалогот меѓу Скопје и Софија.



Слични Објави