|

Османи го посети Пендиков во Софија: Нула толеранција за меѓуетничко насилство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со колегата од Бугарија, Николај Милков го посети претепаниот Пендиков кој е сместен во Воената болница во Софија, и остро го осуди нападот.

-Уште еднаш го осудувам нападот врз Христијан Пендиков. Северна Македонија ќе се погрижи да има нулта толеранција за такви напади. Државата ќе се погрижи да се создаде ваква атмосфера на нулта толеранција над насилството, особено кога тоа е меѓуетничко.

„Јас сум одговорен за работата на институциите и владата и ве уверувам дека институциите ќе направат се за да се создаде атмосфера на нулта толеранција за провокации и насилство врз која било заедница во Република Македонија поради нејзиниот идентитет, рече Османи.

Воедно изјави дека не може да преземе одговорност за содржината во медиумите бидејќи РСМ „била демократска држава“.

„Создаваме механизми за следење на говорот на омраза од двете страни на границата, како во бугарското општество, така и во нашето. Малку по малку ќе се справуваме со оваа ситуација“, рече шефот на македонската дипломатија.

Тој изјави дека најважната порака е дека нема како две влади да дозволиме провокатори и насилници да ја одземат позитивната агенда на билатералните односи.

„Затоа сум тука да ја испратам оваа порака дека градиме добри односи со Бугарија, гледаме кон иднината тесно соработувајќи со Бугарија и нема да дозволиме провокатори да ни ја диктираат агендата“, додаде Османи.

Извор: zoom.mk



Слични Објави