| |

ВМРО ДПМНЕ : ПОВИКУВАЊЕТО НА БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ДАДАТ НАГРАДА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМ Е ПОТКУП, А НЕ БОРБА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

Повикувањето на бизнисмените да дадат награда за вработените да излезат на референдум е поткуп, а не борба за поголеми плати.

Зоран Заев отворено, без срам повикува на пред референдумски поткуп. Зоран Заев е повторно видео документиран во извршување на  кривично дело и за тоа мора да одговара.

Зоран Заев со ова свое дејствие против правно влијае врз граѓаните вработени во приватниот сектор. Ова е кривично дело и за тоа истиот мора да одговара.

Граѓаните мора да бидат слободни при своето одлучување, без никакви притисоци, закани и поткупувања. ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека граѓаните сами треба да одлучат како ќе постапат на референдумот, во нивната одлука тие не треба да трпат притисок од никој, секој кој на нелегален начин влијае мора да одговора, па дури и тоа да е Заев, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.



Слични Објави