|

Јужна Кореја воведува нови санкции кон Пјонгјанг

Јужна Кореја воведе нови санкции против Пјонгјанг, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

Беа воведени санкции на 10 поединци и два ентитети поради нуклеарната програма на Северна Кореја и трговијата со оружје со три земји, вклучително и Русија.

Неодамна севернокорејскиот министер за одбрана Канг Сун-нам и Пак Су-ил, поранешен началник на Генералштабот на севернокорејската народна армија се најдоа на списокот со санкции на Сеул против Пјонгјанг, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесува „Јонхап“.

Вкупно 64 поединци и 53 агенции од Северна Кореја се додадени на списокот со санкции откако јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јол ја презеде функцијата во мај минатата година.

Слични Објави