|

Зеленски: Од почетокот на војната украинските сили соборија околу 250 руски хеликоптери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до нацијата кажа дека од почетокот на војната украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери.

-Вкупниот број на соборени руски хеликоптери е приближно 250. Руските окупатори веќе изгубија толку многу опрема, не само авиони, што повеќето светски армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат, рече Зеленски.

„Русија нема да може да закрепне од таквите загуби. Им благодарам на сите наши борци за постепената и неповратна демилитаризација на непријателот“, заклучи украинскиот претседател во ноќното обраќање до нацијата.

Извор: fokus.mk



Слични Објави