(Видео) Петар Колев: Македонските Бугари треба да ги добијат своите права пред РС Македонија да ги започне преговорите со ЕУ
Во пресрет на состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност, чија главна тема ќе биде РС Македонија, а ќе се одржи на 10 јануари кај претседателот на Бугарија Румен Радев, македонските Бугари повикаа за време на разговорите да се постави прашањето и за нивното впишување во Уставот на РС Македонија.
„Прашањето за еднаквите права на граѓаните пред Уставот и законите на една земја е темелно за Европската Унија. Ова е фундаментална европска вредност. Очекуваме сите овие работи да се случат пред Република Северна Македонија да ги започне преговорите“, порача претседателот на партијата Граѓанско демократка унија Петар Колев, во емисијата „Брисел 1“ на ТВ BGonAir.
Според седумте организации на македонските Бугари, причината за нивната загриженост е што РС Македонија не ги почитува претходните договори.
„Затоа, сметаме дека овие прашања, посебно прашањето за еднаквоста, правото на самоопределување, почитувањето на нашата историја, култура и јазик во Северна Македонија, прво мора да биде исполнето со содржина. Затоа што, на мое големо жалење, мојата земја не ги почитува меѓународните договори, особено оние склучени со Бугарија“, категоричен е Колев.
