(Видео) Симеонов: Се сомневам дека РС Македонија е подготвена да ги исполни критериумите поврзани со вредностите на ЕУ
Политологот Прван Симеонов изрази сомнеж дека РС Македонија е подготвена да ги исполни критериумите за вредностите на ЕУ. Според него развојот на односите меѓу Скопје и Софија се тест за тоа како се штити националниот интерес на Бугарија.
„Тоа е тест дали може да се препознае и да се брани национален интерес“, вели Симеонов во емисијата „Брисел 1“ на тв. BgonAir
„ЕУ се темели на вредности, но јас малку се сомневам дека денешна РС Македонија, со сета моја почит, кон таа наша братска земја, е подготвена да ги исполни критериумите за тие вредности“, дециден е Симеонов.
