ЏЕЗ-КОНЦЕРТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „БЕЛИ МУГРИ“ ВО КОЧАНИ
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска (9 октомври) со почеток во 19 часот концерт ќе одржи музичкиот состав „Македонски брас квинтет“ …
Овој состав го сочинуваат: Драган Младеноски и Александар Златески на труба, Антонио Костевски на хорна, Димче Белчовски на тромбон и Александар Ниниќ на туба. На програмата се дела од: Пенеља, Хенди, Гершвин, Блејк, Робертс, Компанек, Хауард, Дебиси и Вондер.

