ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА- „ИЗДАЈИЦЕ РОДА СВОГ“

Вести Истакнато Македонија

Партијата на Македонците во Србија го поддржува престојниот референдум во Македонија и ги повикува македонските државјани во Србија да се пријават до 23 август во амбасадата на Република Македонија во Белград, за да можат да го остварат своето гласачко право.

Претседателот на партијата Горан Илијевски испрати соопштение до медиумите, во коешто го осудува бојкот на референдумот и го повикува Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија да покаже зрелост и да се изјасни со повик за гласање на референдумот.

„Повикување на бојкотот на референдумот, е бојкот и непочитување на вољата и мислењето на сопствениот народ. Во тешки времиња немаме право на неутралност, треба самостојно да ја донесеме сопствена одлука. Секој има право на своја одлука и своја иднина. Секој глас е важен. Затоа, го повикувам Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија да покаже зрелост и да се изјасни со повик за гласање на референдумот, без да потенцира како да се гласа, бидејќи само така може да го оправда своето постоење и да биде Национален совет на сите Македонци во Србија. Ова не е гласање за партии, не се парламентарни избори, ова е многу повеќе, ова е референдумско изјаснување за иднината на Македонија. Сите од дијаспората што живее во ЕУ треба исто така да и помогнат на Македонија да им се придружи, да не остане да живее во минато. Изградете мостови на пријателства кон Македонија, пријавете се и гласајте за ИДНИНАТА на Македонија“, се наведува во соопштението на Партијата на Македонците, потпишано од претседателот на партијата Горан Илијевски.