Јотова им ги врачи дипломите на офицерите од Воена академија „Г. С. Раковски“, меѓу нив има четворица офицери од армијата на РС Македонија
Претседателката на Бугарија и врховен командант на бугарската армија Илијана Јотова им ги врачи дипломите и наградите на најуспешните припадници на генерацијата „Априлска“ 2026 на бугарската воена академија „Георги С. Раковски“, јавува БНТ.
На свечената церемонија таа им го честиташе дипломирањето на офицерите и им посака успех во понатамошната служба.
Дипломи од Воената академија „Георги С. Раковски“ добија вкупно 125 офицери. Меѓу нив се и четворица припадници на вооружените сили на Република Северна Македонија, кои ја завршија целосната програма за обука заедно со своите бугарски колеги.
Најуспешни во генерацијата оваа година се полковник Момчил Димитров и капетан Николај Бојчев.
Претседателката им се заблагодари на професорите и на семејствата на дипломираните офицери за нивната поддршка. Во своето обраќање таа истакна дека одбраната на Бугарија не е само должност и повик, туку и мисија.
