ВЕЧЕРЕН ТАНЦ НА КУКЛИТЕ – ВЕЧЕР НА СЕРИОЗНА МУЗИКА

Здружението „Етно ризница” од Куманово утре (10 октомври) во 19 часот на локалитетот Камени кукли, кај село Куклица (Кратовско), организира вечер на сериозна музика „Вечерен танц на куклите“ …

Во интерпретација на „Трио колегиум“, кое го сочинуваат Александра Коцевска – мецосопран, Глигор Гелебешев – пијано и Менка Богоевска – виолина, публиката ќе може да слушне дела од Жорж Бизе, Петар Илич Чајковски, Франц Шуберт и други.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на проектот „Нов културен бран 2018”.

Слични Објави