| |

Грчкиот министер за надворешни работи: Европскиот пат на Северна Македонија минува преку почитувањето на Договорот од Преспа

Грција ги следи процесите во Северна Македонија и е подготвена на сите сценарија. Ова денеска во емисијата „Скај 100,3“ го изјави грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, коментирајќи ја победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни и претседателски избори во Република Северна Македонија, јавува БТА.

Герапетритис рече дека се надева дека нема да има промени во надворешната политика на Скопје. „Неопходна е точна имплементација на Договорот од Преспа“, рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека европскиот пат на Северна Македонија оди преку почитување на договорот постигнат во 2018 година, според кој земјата го смени своето име.

Победничката на претседателските избори Гордана Силјановска на предизборна дебата изјави дека нема да „ги симнува таблите пред институциите“, но дефинитивно нема да го користи уставното име на државата Северна Македонија. Нема да користам „Северна“, ќе ги видиме последиците“, рече Силјановска.



Слични Објави