| |

Десетици млади луѓе од РС Македонија се запознаа со можностите да го продолжат своето високо образование во Бугарија

Десетици млади луѓе од Република Северна Македонија, дојдоа вчера во бугарската амбасада во Скопје за се запознаат со можностите да го продолжат своето високо образование во Бугарија. На настанот дел од иницијативата Ден на отворени врати на амбасадата, беа присутни претставници од бугарското министерство за образование и наука и од Државната агенција за Бугарите во странство.

Росица Колева, државен експерт во Управата за високо образование и Дијана Маринова, главен експерт од Министерството за образование и наука, ги презентираа можностите предвидени со уредбите 103 и 228 на бугарската Влада за аплицирање во бугарските високообразовни институции за граѓаните на Република Северна Македонија кои немаат бугарско државјанство.

Александар Иванов, главен експерт на Државната агенција за Бугарите во странство ги презентираше потребните документи за аплицирање во високообразовните институции на Бугарија.

Потсетуваме дека по одлука на бугарската Влада, бројот на кандидат-студентите од РС Македонија, кои ќе можат да го продолжат своето образование во Бугарија веќе е 300, а постои и можноста петмина кандидати за доктори на науки од нашата земја да ја добијат својата научна титула преку редовна форма на обука.



Слични Објави