НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ

//

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките, јавува А1Он.

Од Синдикатот сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките.

„Знаеме дека подолг временски период платите на наставниците стојат во место, освен едно мало зголемување што имаше претходната година од пет отсто. Во изминатиот период такви зголемувања речиси не постоеја“, изјави потпретседателот на НСОН, Енвер Ајдини пред просториите на Министерството за образование и наука.





Претходна статија

ПОЛИЦАЕЦОТ БОЈАН ТРАЈКОВСКИ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕР ЗА МЛАДИТЕ: ПОМАГАЛ ПОЛОВИНА ЧАС НА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК ДОДЕКА ДОЈДЕ БРЗАТА ПОМОШ

Следна статија

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО УКРАИНСКИ ХОТЕЛ, 8 ЗАГИНАТИ

Најново од Вести