ПЕТАР КОЛЕВ ДО ОХРИЃАНИ: НАНЧЕ ЌЕ ВИ ГО ВРАТИ ДОСТОИНСТВОТО И НЕМА ДА ВИ РАСКАЖУВА ШАРЕНИ ПРИКАЗНИ И ЛАГИ
„Не очекувајте од Нанче да ви раскажува шарени приказни, да ве лаже и да ве мами, очекувајте секогаш да ја зборува вистината бидејќи тоа е најсилното оружје “- изјави претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев во своето обраќање за време на отворањето на предизборната кампања на кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на истата партија Михаил Трендафилов- Нанче.
Во градскиот парк пред бистите на војводите Методија Патчев и Христо Узунов, лидерот на ГДУ Колев им порача на охриѓани дека од нив зависи дали сјајот на Охрид ќе биде вратен преку домаќинското и чесно работење на Михаил Трендафилов.
Колев истакна дека Нанче ќе ја даде целата своја енергија за да го врати достоинството на охриѓани.
„Крајно време е граѓаните да ја земат власта во своите раце“ порача Колев и му посака успех на Михаил Трендафилов-Нанче во трката за градоначалничката позиција во Охрид.

