ТЕСТ: ИЗБЕРЕТЕ СИ ЕДЕН ТРИАГОЛНИК И ПРОЧИТАЈТЕ ШТО КАЖУВА ИЗБОРОТ ЗА ВАС!
Психолозите можат да откријат колку сме отпорни кон промените само со тоа што ќе не натераат да избереме геометриска фигура. Тоа е можно бидејќи ја поврзуваме важноста на стабилноста и промените со геометриските форми, така што се стремиме да претпочитаме форми што одговараат на нашата личност. Подготвивме краток тест, заснован на психологијата на формите, што ќе открие важен дел од вашиот карактер. Изберете триаголник што најмногу ви се допаѓа:
Триаголник 1
Посветени сте на вашите цели и никогаш не се колебате кога ќе донесете некоја одлука. Вашиот најдобар квалитет е вашата посветеност. Луѓето велат дека сте одличен перфекционист и правилата ве привлекуваат. Вие знаете дека најдобриот начин да направите нешто е само кога го почнувате тоа од почеток. Луѓето знаат дека можат да сметаат на вас заради вашите квалитети.
Триаголник 2
Вие сте многу реални и не се плашите да го покажете тоа. Вистината е најголемата вредност за вас и постојано се обидувате да бидете колку што е можно поискрени. Ова ви овозможува да изгледате смело и позитивно. Затоа луѓето го бараат вашето мислење – сте „заработиле“ репутација дека сте искрени и им помагате на другите.
Триаголник 3
Рационалноста е таа која ве води напред во животот – вие сте интелектуалецот во друштвото. Сакате да направите стратегија за секоја ваша одлука и детално да ги испланирате работите. Вие многу добро ги знаете своите вештини. Вашите пријатели понекогаш се шегуваат со вас поради вашата сериозност, но сепак тие знаат дека само од вас може да се очекува паметно решение.
Триаголник 4
Не секој може да се справи со вас, бидејќи страста е таа која ве води во животот. Кога ќе си поставите цел, се посветувате максимално. Вие не дозволувате ништо да застане помеѓу вас и вашата цел. За некои луѓе ова е премногу, но задоволството од завршената работа и постигнатата цел се непроценливи.
Триаголник 5
Сакате луѓе и имате и особини на екстроверт. Можете да започнете разговор со секого и внимателно да слушате што ќе ви кажат. Вашето семејство и пријатели се највредниот подарок за вас, и вие често се обидувате да им го покажете тоа.