| | |

(Видео) Актерката Екатерина Лазаревска е новата водителка на позната емисија на бугарската телевизија БТВ

Актерката Екатерина Лазаревска од Скопје е новата водителка на емисијата „Пред пладне“ на бугарската телевизија БТВ. Емисијата се емитува секој делничен ден од 9:30 часот до 12:00 часот по бугарско време и се радува на висок рејтинг од страна на гледачите.

Екатерина Лазаревска е воспитаничка на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ)„Крсто Сарафов“ во Софија, каде дипломирала во класата на познатиот бугарски актер проф. д-р Атанас Атанасов. Таа ја толкуваше главната улога во бугарската хит серија во продукција на БНТ „Мамник“, каде што се појави во ликот на полициската инспекторка Божана Горнева.

Лазаревска е едно од новите лица на бугарската актерска сцена, а пред да добие поголема популарност преку серијата „Мамник“ таа имала улоги во играниот филм „Бугарија Amore Mio“ и во театарските претстави „Код Жолто“ и „Се колнеш ли во децата“.

Слични Објави