| | |

Одбележуваме 101 година од атентатот во цркавата „Света Недела“ во Софија, извршен од Воената организација на Бугарската комунистичка партија

На 16 април 1925 година, катедралниот храм „Света Недела“ во Софија станал сцена на една од најстрашните трагедии во бугарската историја. Воената организација на Бугарската комунистичка партија го организира најголемиот терористички акт, поставувајќи експлозив во југозападниот купол на храмот.

За време на опелото на убиениот генерал во пензија Коста Георгиев, во храмот се собрале сите министри од тогашната бугарска влада, голем број генерали и офицери, државни и политички фигури, како и многу граѓани.

Присуството на цар Борис III било очекувано, но тој задоцнил. Опелото го водел лично Софискиот митрополит Стефан, кога моќна експлозија уништила голем дел од покривот и јужниот ѕид на храмот. Во трагедијата животот го загубиле 193 лица, а околу 500 биле ранети.

Меѓу загинатите се 12 генерали, 15 полковници, 7 потполковници, 3 мајори, 9 капетани, 3 пратеници и многу граѓани, вклучително жени и деца. Загинуваат и бројни јавни личности, меѓу кои и градоначалникот на главниот град Паскал Паскалев. Во атентатот го губат својот живот и неколку офицери македонски Бугари: генерал лејтенант Крсто Златарев од Охрид, командант на 11 пешадиска македонска дивизија за време на Првата светска војна, генерал мајор Григор Ќуркчиев од Прилеп, командант на 2-ра бригада во 11 пешадиска македонска дивизија, генерал мајор Иван Стојков од неврокопското село Гајтаниново, командант на Коњаничката дивизија за време на Првата светска војна (прв братучед на Борис Сарафов), полковник Спас Жостов исто од село Гајтаниново, брат на бугарските генерали Константин Жостов и Димитар Жостов, полковник Спиридон Михајлов Гаврилов од Штип (чичко на Иван Михајлов) и полковник Атанас Сарајдаров од ресенското село Златари.

Во Москва на 16 мај – точно еден месец по атентатот – е организиран грандиозен митинг во спомен на „жртвите на политичките репресии во Бугарија“, а официјалниот весник на Болшевичката партија „Правда“ објавува уводна статија со наслов „Софиските бесилки зборуваат“, во која се оплакуваат терористите.

По атентатот, дел од организаторите успеваат да избегаат, додека други се убиени или се самоубиваат. Следува судски процес, при што се изрекуваат повеќе смртни казни, извршени на 27 мај 1925 година.



Слични Објави