Филмот за деца „Атлас на вселената“ во продукција на Романија и Бугарија ќе учествува на фестивалот во Кан
Филмот за деца „Атлас на вселената“, копродукција на Романија и Бугарија, ќе учествува во 79-тото издание на фестивалот во Кан во секцијата Cannes Écrans Juniors 2026, информираат од Националниот филмски центар (НФЦ) на Бугарија преку својата страница во социјалната мрежа Фејсбук. Оваа година кинофорумот ќе започне на 12 мај и ќе трае до 23 мај, јавува БТА.
Филмот ја доби наградата за најдобар тинејџерски филм во рамките на „Софија филм фест“. Признанието тогаш го прими продуцентката на филмот Поли Ангелова, која се заблагодари во име на режисерот Паул Негоеску и изјави дека „ова е нашиот трет филм заедно – тој е прекрасен, многу човечен и многу деликатен“.
„Атлас на вселената“ ја следи приказната на 10-годишниот Филип, кој случајно купува две десни обувки и мора да се впушти во патување за да ја пронајде недостасувачката лева. Тоа го води кон свет што се наоѓа на границата меѓу реалноста и фантазијата, при што на својот пат открива неочекувани лекции за себе и за светот околу него.
