| |

Бугарската АЕЦ „Козлодуј“ првпат во својата историја ќе ја намали моќноста поради ниското ниво на реката Дунав

Бугарската АЕЦ „Козлодуј“ првпат во својата 52-годишна историја ќе ја намали моќноста на еден од блоковите поради ниското ниво на реката Дунав, чии води се користат за ладење на централата. Нуклеарната централа во моментов произведува повеќе од една четвртина од електричната енергија во Бугарија, јавува БНТ.

Поранешниот извршен директор на АЕЦ „Козлодуј“, Валентин Николов, предупреди дека ниското ниво и затоплувањето на реката предизвикуваат таложење алги на решетките од системот за ладење, кавитација и вибрации на пумпите, како и намалување на протокот на вода.

„Според програмата, ќе мора да продолжи намалувањето на моќноста, а во одреден момент блоковите ќе треба да бидат ставени во топла резерва“, изјави Николов.

Претседателот на Бугарскиот енергетски и рударски форум, Иван Хиновски, оцени дека ограничувањето на производството неизбежно ќе ја зголеми берзанската цена на електричната енергија. Тој повика државата веднаш да ги подготви термоелектраните како резервни капацитети, а хидроелектраните да бидат ставени во резерва за покривање на поголемата потрошувачка.



Слични Објави