Првата дипломатка на Бугарија Велислава Петрова учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска
Шефицата на бугарскатата дипломатија Велислава Петрова учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што се одржа на 21 и 22 мај во Хелсингборг, Шведска.
Главен акцент во дискусиите беа подготовките за самитот на НАТО во Анкара, зголемувањето на трошоците за одбрана, зајакнувањето на одбранбената индустрија и безбедноста во Украина и на Блискиот Исток.
Во своето обраќање, Петрова го истакна значењето на засилувањето на европскиот придонес во рамките на НАТО и ја нагласи потребата од продолжување на напорите за јакнење на одбранбените капацитети на источното крилo на Алијансата. Таа повика и на поголем фокус врз безбедноста, поврзаноста и слободата на пловидба во црноморскиот регион.
Бугарската министерка ја нагласи и важната улога на дипломатијата за прекин на војната во Украина, како и потребата Европската Унија активно да учествува во преговарачкиот процес.
Во рамките на форумот, Петрова одржа билатерални средби со претставници на САД, Канада, Украина, Германија, Франција, Велика Британија, Република Северна Македонија, Естонија и Португалија, на кои биле разгледани актуелни меѓународни и регионални прашања.

