| |

Започна учебната година во бугарските неделни училишта во Одрин и Истанбул

На 12 септември започна новата учебна година во бугарските неделни училишта во Одрин и Истанбул, Турција, јавува Радио Бугарија.

Во училиштето „Отец Александар Чакар’к“ во Одрин се запишани 75 деца, а уште 18 ќе учат во Љулебургаз. Генералниот конзул на Бугарија во Одрин, Радослава Кафеџиска, истакна дека ова е најголем број ученици во речиси десетгодишната историја на училиштето.

Во Бугарското неделно училиште „Св. св. Кирил и Методиј“ во Истанбул, кое ја започна својата 12-та учебна година, околу 85 деца ќе следат настава со физичко присуство, а околу 30 ќе ја следат наставата онлајн.

Наставата е насочена кон изучување на бугарскиот јазик, историјата, географијата и културата, како и кон зачувување на бугарската културна и историска традиција.

Слични Објави