|

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО УКРАИНСКИ ХОТЕЛ, 8 ЗАГИНАТИ

Најмалку 8 луѓе загинале во пожар кој утринава избил во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.

Во соопштението од службата е наведено и дека 10 луѓе се спасени од пожарот.

Пријавено е дека избил пожар на вториот кат од хотелот „Токио Стар“. Веднаш на пријавената локација се упатиле 65 спасувачи и 13 пожарникарски возила, а покрената е и истрага за утврдување на причините за овој трагичен инцидент.

Слични Објави