МАЖ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ УАПСЕН ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.П.(38) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.01.2018 година во Свети Николе на улицата „9-ти Мај“, од полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле одземени хероин и мешавина од кофеин и парацетамол.

