ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛИЦА ЗАГИНАЛЕ ВО ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА

Повеќе од 20 лица загинале во Иран за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите што се случија во неколку ирански градови во текот на изминатите два дена, пренесува ТАСС.
Според јордански извори, 25 лица загинале во последните два дена (16 и 17 ноември) во иранските градови како резултат на судирите за време на протестите против наглото зголемување на цената на горивата.
Засега иранските власти немаат коментар за случувањата, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, претходно изјави дека „ одлуката на трите гранки на владата за покачување на цената на горивата е добро обмислена“.