SPORT LIFE ДОНИРАШЕ ДВА МОНИТОРИ ЗА СЛЕДЕЊЕ ВИТАЛНИ ПАРАМЕТРИ НА КАРИЛ
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок, соопшти Министерството за здравсто.
Министерот за здравство Венко Филипче ја изрази својата благодарност и истакна дека оваа донација, е многу важна за работата на медицинскиот кадар и функционирањето на интензивното одделение на КАРИЛ. Станува збор за донација во вредност од 6,5 илјади евра.

