(Видео) Фрчкоски во К8- за атентатот врз Глигоров и „бугарската врска“, за досијеата на УДБА и за предизвиците пред Северна Македонија
Во 302-та епизода на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ гостуваше проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, поранешен министер за внатрешни работи на тогашна Република Македонија (1992-1996), а потоа и министер за надворешни работи (1996-1997).
Со професорот Фрчкоски разговаравме за т.н. „бугарска врска“ во атентатот врз претседателот Киро Глигоров (1917-2012), во октомври 1995 г. За апсењата на изјавени македонски Бугари и тортурата врз нив за време на истрагата по атентатот. Во текот на разговорот ја отворивме темата и за досијеата на поранешната југословенска служба за безбедност УДБА, за процесот на лустрација и за потребата од рехабилитација на настраданите од комунистичкиот режим во земјата.
Не беа подминати и темите за европската интеграција на Република Северна Македонија, т.нар. „Француски предлог“, начинот на кој владата на Мицкоски ја води надворешната политика на земјата и се разбира предизвиците со кои се соочува државата во време на две војни (во Украина и во Блискиот исток ) и ситуацијата на Балканот.
Целиот разговор проследете го во видеото што следи:

