(Видео) Перев за синоќешниот вооружен напад врз клубот „Цар Борис III“ во Охрид: „Треба ли некој да настрада, за некој и во Скопје и во Софија да си ја заврши работата “

//

„Ова е ескалација на притисокот врз Бугарите во Македонија и врз самата Бугарија. Целта е да се оневозможи влезот на македонските Бугари во Уставот, да се смени ставот во Европа и да се забрзаат преговорите за влез на Македонија во ЕУ, без никакви претензии. Оттука е и непостапувањето на полицијата. Никој не може да ми каже дека полицијата не знае што се случува“, изјави публицистот Владимир Перев во однос на синоќешниот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

Перев беше вклучен со видео врска во утринската програма на бугарската Нова телевизија. Според него овој напад е координиран од државата.

„ Нападот е координиран од државата. Притисокот што се врши врз македонските Бугари е координиран од органи блиски до државата. Имате антибугарски изјави на пратеници. Како да не кажете дека не е координирано“, додава Перев.

„Треба ли некој да настрада, за некој и во Скопје и во Софија да си ја заврши работата “, запраша познатиот публицист.

Перев беше побаран и од државната Бугарска национална телевизија да го коментира синоќешниот инцидент. Еве што кажа во утринската програма „Денот почнува“ редовниот колумнист и соработник на порталот „Трибуна“.





Претходна статија

Еврејските работнички трупи во бугарската армија- алатка против депортацијата на Евреите

Следна статија

Последниот атентатор (1)

Најново од Вести