Последниот атентатор (1)

/

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев.

Вовед

Како и повеќето од нас, не бев чул за Крсто Петрушев. Имав чуено и знаев прилично за неговиот роднина Кирил Петрушев, првиот министер за внатрешни работи во Президиумот на Македонија. Знаев и за неговата тешка судбина.
Пред околу петнаесетина години, на едно патување до Богданци, заедно со Никола Поп Илиев, кога се поведе разговор за револуционерните, вмровски традиции на Богданци, Поп Илиев ми вели: “Дојди со мене, да се запознаеш со еден стар комита и револуционер, Крсто Петрушев.“ Отидовме во неговиот дом. Останав силно впечатлен од ликот на човекот во поодминати, сериозни години. Тешко се движеше, но говореше со цврст, стамен глас, без двоумења и многу размисли. Го говореше точно она што го мисли и знае. Во неговите црни очи имаше таков сјај, таков пламен, што до денешен ден не сум го заборавил.
Потоа, со Илинденка Петрушева отидовме во неговиот дом, на гости. Прекрасно пречекани од семејството и од смиот тој, поминав два дена во исклучително интересни разговори. Во аудио записите кои ги имам, сеуште се препознава неговиот тврд глас и челична волја. Имаше и десетина фотографии за местата во кои пребивал и луѓето со кои се среќавал. За жал, тогаш не успеав да ги фотокопирам!
Ветив дека ќе пишувам за него, па како што обично се случува кај нас македонците, ветувањето не го исполнив. Причините се повеќе и неудобно е денес да се споменуваат. Крсто почина и не виде напишан текст од своите спомени.
Со љубезноста на Трибуна.мк ги објавувам сега, како извинување и почит кон него и неговото семејство, како почит кон човекот кој до последните денови го носеше вмровскиот револуционерен пламен во очите и срцето!

За објаснување на времето во кое што живеел и делувал Крсто Петрушев си позволив да го илустрирам со сегменти од книгата на Анри Пози „Војната се враќа“ и од „Спомените“ на Иван Михајлов.

Владимир Перев

Се викам Петрушев Василев Крсто. Роден сум на 21 септември 1913 година во Богданци, гевгелиско. Потекнувам од христијанска фамилија. Моето детство беше во Првата светска војна. Помнам некои детали, иако бев малечок. Бевме иселени во струмичкото село Муртино, бидејќи тука се водеше војна. Кога се вративме, нашето село беше сето растурено. Моето семејство се состоеше од татко ми кој се викаше Васил Динев Петрушев , а мајка ми беше од Прошевите и се викаше Марија Глигорова Прошева, а по маж Василева Петрушева. Ние бевме тројца браќа. Мајка ми родила повеќе деца, но тие изумреле и така останавме најголемиот мој брат кој е роден 1908 година и се вика Петре Василев Петрушев. Пред мене имало некое друго дете, а јас како среден брат роден сум во 1913 година, а 1923 година е роден најмалиот брат Ѓорѓи Василев Петрушев. Учев во српско училиште од 1921 година до 1924 или 1925 година. Точно не сум сигурен, но тука некаде е. Тогаш и немаше поголемо образование, туку само до четврто одделение.

Од Струмица во Богданци се вративме веднаш по војната во 1919 година. Ние во селото Муртино бевме избегани, иселени.

Во училиштето учевме на српски и не го знаевме точно баш српскиот јазик, но се прилагодувавме и јас бев добар ученик . Еднаш, мене ми се падна една стихотворба за Македонија. Почнуваше некако вака “Маќедонијо и ти си била вазда славна, друга земја ти не беше равна. Веч се покличи по тебе вију, Маќедонијо“. Имаше многу од неа, ама ја заборавив. Во првите години на српско, се слушаше нешто и за македонското име за потоа да исчезне и да се прекрсти во Јужна Србија. И тука, како и насекаде, во српското време управуваа српските жандари , бидејќи таква беше српска власт. Народот насекаде низ Македонија беше малтретиран. Да кажам нешто и за тоа. Одам со татко ми во полето да сечеме лисја од црница, затоа што тогаш раневме буби.Брат ми не беше со нас, затоа што отиде да учи за шивач во Струмица. На патот не пресретнаа двајца жандари. Одевме со кола во која беа впрегнати две јунчиња. Нив ги теравме со остен. Не сопреа и на татко ми му го зедоа остенот и земаа да го мушкаат по ребрата и јас како малечок зедов да плачам, а татко ми само викаше ох, ох, а тие го боцкаа. “Да узмеш бич”, му викаа тие, а ние не знаевме, појма немавме што е тоа бич. Насила тераа со бич да сме го терале добитокот, а не со остен. Тоа беше метод на малтретирање. Јас плачам, ќе се здробам од плачење. Тоа ми е првиот, најлош впечаток што го доживеав. Покасно видов дека има многу полоши работи кај Србите . Така со моето магаре си одам дома, кога на крајот на реката Луда Мара гледам двајца жандари , а јас толку исплашен од нив , уште од еден километар ја симнувам капата и почнувам да викам “Добар дан”. Тие ми викаат да им го префрлам магарето, зошто Луда Мара е надојдена и не можат да ја минат. Не е многу голема, ама не се префрлува. Сакаат да им го префрлам магарето, за да се префрлат во Богданци од Стојаково. Еден се качи на магарето и се препрчали во водата.

Мене ме натепаа заради тоа.Отидов на бавчата и му раскажувам на татко ми што доживеав. Тој пцуе и вика, што да правиме така е. Многу детали. Како пораснав во 1927, 28, 29 година бев напреден младинец и имаше еден деловодител во нашата општина и ме избраа да ме пратат на соколски друштва, на курс во Гевгелија како напреден младинец за да отвориме соколско друштво во Богданци . Отидовме во мртвата сезона во зима. 1929 или 1930 година. Цел месец бев таму, можеби и повеќе, не се сеќавам. Не запознаа со многу работи. Еден официр ни предаваше за оружјето: ” Ова се зове француска трометна пушка.” Како се пука што се пука. . Не запознаваа со оружјето и вежбавме таму . Кога курсот го завршив успешно , се случи друга работа.



Во јуни месец одиме со татко ми да береме сусам и не пресретнаа четворица финансисти, т.е. финансова полиција, ја заобиколија колата и прашуваат:

“Чичо, где ти је дуван?”. Не пушам бре деца, не пушам .-“Како не пушиш пиздати материна,кад тие е лула у уста!” Татко ми за тоа време го пушти тутунот во колата во едно кесе и ќе се наведне некој од тие да го земе, а јас дремам во кола. Едно време се исплашија јунчињата ја завртија колата и му ја скршија пушката на едниот од нив и го прегазуваат , а татко ми ми вика, трчај Крсте да го сопреш добитокот , бидејќи ако ја скршат колата нема пари да се поправи. Јас трчам и ги престигнав. Не се сопираат, се исплашиле, и таму низ комшиските дворови пристигнав на гумното. Го врзав добитокот, ја скорнав мама. Велам мамо стани. И и велам, така и така работата. Татко го фатија, да не го тепаат ми е страв. Трчај скорни го чичо Мито, ми вели таа. Он живее на источната страна од нашата куќа. Одам го скоривам и му велам таква и таква е работата. Додека да си го намота 15 метри долгиот појас, се заплетка во него и падна. Дојде на гумното и се спремивме да го престретнеме да не го утепаат татко ми. И гледаме кај го носат двајца татко ми и баш пред двор, го удрија со кундак по грбот и татко ми почна да лази, падна . Кога се исправи, гледам, целиот беше во крв. Мене ми падна мрак на очи, зедов една вила и си реков дека ќе убијам барем еден, за да се одмаздам за неправдата. Чичко ми ме фати за десната рака, за другата мајка ми, инаку ќе направев една глупост и ќе си го изгубев и јас животот, а ништо немаше да променам. Тоа беше најголемиот потрес за мене. Се заколнав дека тука веќе не можам да живеам.

За тој период ќе издвоиме неколку сегменти од книгата на Анри Пози “Војната се враќа“ /Henri Pozzi “La guerre revient”/ издадена во Париз-Франција во 1934 год. Книгата до сега не е преведена кај нас. Пози пишува:

“Јас го видов следното: Во Битола на сто метри од полициската станица во една од најслабо раздвижените Ова е само мало сведоштво за несреќите што го спопаднале македонското население по Првата светска војна и окупацијата на Вардарска Македонија од српските власти. Многубојни се исказите на странски дипломати, политичари, новинари и публицисти за страшната состојба во Македонија по српската окупација во 1918 година и за нечовечниот однос на српските власти кон македонското население. За илустреција на состојбата во улици во градот се слушаа ужасни крикови, вистински плач се разнесуваше клоци од отворените прозорци на едно основно училиште. Двзјца учители со и стапови ги тепаа шест момчина, врзани за клупите со повици: “Гнасен Бугарин! Македонска свињо! Јас ќе те научам српски!“ Резервниот поручник кој ме придружуваше-Хрват од Загреб, со кого се запознав доаѓајќи од Белград- ми рече“ И ова кое го прават овде, сакаат да ни го донесат и кај нас. Тоа се демони-не луѓе“.

Јас го видов следното: При поставувањето на телените мрежи меѓу Ѓурѓево и Валандово, македонските селани, мажи и жени копаа ровови и волчи јами под надзор на српските жандарми. Горештината беше ужасна, повеќе од 40 степени во сенка. Еден подофицер и се нафрли на едно сосема младо девојче, кое запрело со својата количка, очевидно изморено. Почна да ја навредува и ја удира со шлаканици. Жртвата протестира. Само на еден знак беше фатена од двајца војници, легната на стомак врз еден куп земја и фатена за рацете и нозете. Алиштата и ѓи соблекуваат и добува десет удари со бичот на подифицерот по половината. Казната е извршена, девојчето е пуштено и целата окрвавена и клатејќи се одново ја зема својата количка. Ниту еден од присутните на ангаријата не ги подигна ни очите да види што станува.

Јас го видов следното: Еден селанец, близу до село Орасак, меѓу Куманово и Ново село беше врзан, со турнати пантолони, за едно дрво. Целото лице, грбот и стомакот му беа во крв. Беше заобиколен од тројца жандарми и еден подофицер. Четвртиот жандарм излегуваше од една куќа. Тој носеше мачка, која се трудеше да се ослободи од торбата. И ги кренаа пантолоните на жртвата, ги подврзаа под колената и му ја ставија внатре веќе разбеснетата мачка. Целото село, мажи, жени и деца гледаа молчешкум. Човекот, на кому разјареното животно му ги кинеше месата, урликаше во страшни маки.“

Продолжува…

Претходна статија

(Видео) Перев за синоќешниот вооружен напад врз клубот „Цар Борис III“ во Охрид: „Треба ли некој да настрада, за некој и во Скопје и во Софија да си ја заврши работата “

Следна статија

МНР на Бугарија ќе ја повика амбасадорката на РСМ во Софија, Брисел е информиран за вооружениот напад на бугарскиот клуб во Охрид

Најново од Документите говорат

Последниот атентатор (2)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. Си најдов

Документите говорат: Основачот на ВМОРО Иван Хаџи Николов во неговите спомени: „Ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“

Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на