НАСТАВНИК: НИЕ КАКО ДРЖАВА НЕ СМЕ СПРЕМНИ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ НАСТАВА ВО УЧИЛИШТЕ, ШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СИ ПРИЗНАЕМЕ

Сите даваат предлози … Ајде си реков и јас да “обесам“ еден предлог …

(1) Наставата треба да започне од 1-ви септември во СИТЕ основни и средни училишта со учење на далечина. Имајќи во вид дека НЕ сме организирани и ништо подобри од пред 4-5 месеци, он-лајнот ќе биде како што беше: секој како сака и како може. Хаотично – да и онлајн – да. То е то. Така беше, така ќе биде.

Немаме мрднато еден прст понапред. НАСТАВА НА УЧИЛИШТЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО – НЕМА. Абе НЕМА и точка. Ние како држава НЕ сме спремни и НЕ сме способни да организираме настава во училиште. Шо е толку тешко да си признаеме?! НЕ се спремни ниту многу понапредни држави од нашата, а камо ли ние.

(2) Секој наставник, во основно или средно, СЕКОЈ треба да спрема презентации за своите предмети: видеа, слајдови, анимации, … Колеги, снаоѓајте се сами и бидете креативни. Ниту една презентација НЕ смее да биде подолга од 10 – 20 минути … Најдобро околу 15-тина. Тоа е максималното време во кое можете да им го задржите вниманието на децата. Пуштете ги да прашуваат, да ве прекинуваат, … Нека одговараат сами, вие надополнувајте, …

PS> Јас работев со ЗУМ. Сите ученици остануваа 15-20 мин. Има задавав домашни задачки. Повеќете потоа се исклучуваа. Остануваа само неколку најзаинтересирани и често ми се случуваше со нив часот да трае и по сат и пол или два. Но тоа беше исклучиво заради нивниот интерес и желба. Секој нов час започнуваше со презентација на 2-3 од учениците, а другите деца, и јас по потреба, коментариравме. Потоа одевме на 15-тина минути нов материјал. Кратко, јасно, содржајно. Часовите беа динамички, инересни, .. Со упаѓања, досетки … Колеги, верувајте, абе ич не сакам он-лајн, … ми фалат децата … ми фали нивната близина, дружењето, комуникацијата, младоста, … арно ама НЕ НЕ БИДВА ЗА НЕ-ОН-ЛАЈН. Мораме он-лајн. Нема друго. И то.

Facebook пост на Јани Сервини