| |

Публицистот Владимир Перев со уште едно признание за својата општествена дејност во интерес на македонските Бугари

Публицистот и општественик од РС Македониja, Владимир Перев, кој годинава беше прогласен за ,,Будител на годината” од страна на бугарската aмбасада во Скопје и Културно информативниот центар на Бугарија во РС Македонија, доби уште едно признание.

Управниот одбор на Македонскиот научен институт во Софија го награди со ,,Почесен знак за заслуги ” Владимир Перев за неговата активност во заштитата на бугарската идеја во РС Македонија.

,, Со овој знак се наградуваат личности кои ја штитат историската вистина за македонските Бугари и ја популаризираат каузата на Македонскиот научен институт”, велат од научната институција.

Тимот на Трибуна му честита на својот ментор и колега Владимир Перев за заслужената награда и му посакува уште долги години здравје, живот и инспирација во борбата за заштита на правата на македонските Бугари и популаризирањето на историската вистина за нивното постоење.

Слични Објави