ТРИ ЖЕНИ КОИ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ПЕКОЛОТ ВО ХИРОШИМА И НАГАСАКИ РАСКАЖУВААТ…

На 6-ти и 9-ти август се навршуваат 75 години откако Соединетите американски држави ги фрлаат атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки на крајот на Втората светска војна. Тешко е да се каже колку точно се загинатите, но грубите бројки покажуваат дека околу 140.000 луѓе ги загубиле своите животи во Хирошима, а 74.000 во Нагасаки.

Оние што ги преживуваат бомбите се нарекуваат хибакуша. Тие се соочуваат со сериозни последици, здравстени проблеми предизвикани од труење и радиоактивно зрачење, а исто така и голем број психолошки трауми. Британската фоторепортерка Карен Ли Стоу со години ги раскажува приказните за жени кои станале сведоци на еден од најтешките моменти во човечката историја. Еве ги живописните сеќавања на три од нив.

Теруко Уено

Теруко имала само 15 години кога атомската бомба паѓа врз Хирошима. Во тоа време, била на обука за медицинска сестра во болница на Црвениот крст. Уено се наоѓала во средношколски дом, кој се запалил. Таа помагала во гасењето на пожарот, но многу нејзини пријатели умираат во огнот.

Таа јасно се сеќава на работниот ден и ноќта во неделата по експлозијата, кога помагала во лечењето луѓето, кои биле тешко повредени од експлозијата на атомската бомба. По дипломирањето, Теруко продолжува да работи во болницата.

Теруко подоцна стапува во брак со Татсујуки, кој исто така ја преживеал атомската експлозија. Кога забременила со своето прво дете, таа била загрижена дали бебето ќе се роди здраво и дали воопшто ќе преживее. Но, нејзината ќерка Томоко се родила совршено здрава.

“Јас не сум била во пеколот и не знам како изгледа, но претпоставувам дека е нешто слично на тоа што го поминавме. Не треба да дозволуваме тоа да се случи повторно”, вели Теруко пред Карен Ли Сток.

“Луѓето велеа дека овде во наредните 75 години нема да растат дрвја или трева. Но, Хирошима преживеа и сега има прекрасно зеленило. Но и покрај тоа преживеаните продолжуваат да страдат од ефектите на зрачењето. Како спомените од Хирошима и Нагасаки да исчезнат од луѓето… Стоиме на раскрсница“, вели Томоко.

Во овој ден во Хирошима е уништено скоро сè – луѓе, птици, дрвја. Сè.

„Многумина од оние што влегоа во градот како спасувачи и оние кои дојдоа да ги бараат своите најблиски се мртви. Оние што останаа живи се борат со ужасни болести“, вели Теруко.

Емико Окада

Петмина роднини на Емико починале за време на нападот врз Хирошима, а таа имала 8 години кога паднала бомбата. Нејзината постара сестра исто го губи својот живот.

„Таа замина во раните утрински часови и ми рече: „Ќе се видиме вечерва!“ Имаше 12 години и беше полна со живот, но никогаш не се врати. Никој не знае што се случило со неа.Нашите родители ја бараа очајно. но тие никогаш не го најдоа нејзиното тело. Во тоа време мајка ми беше бремена, но имаше абортус. Немавме што да јадеме. Не знаевме ништо за зрачењето, јадевме што и ја најдовме без да се грижиме дали е загадено или не. Храната беше најголемиот проблем. Водата имаше чуден вкус. Така живеевме во првите денови по бомбата “, разкажува Емико.

“Во тоа време почна да ми паѓа косата и да ми крварат непцата. Постојано бев уморна. Никој во тоа време не знаеше ништо за зрачењето. После 12 години ми беше дијагностицирана апластична анемија. Во тоа време, не можев да престанам да размислувам за небото откако експлодираше бомбата. Градот гореше со денови. Го мразам заоѓањето на сонцето, до денеска ме потсетува на пламенот во Хирошима“, додава таа.

Според неа, многу хибакуши умираат без да ја раскажат својата приказна или да ја споделат својата горчина од бомбардирањето. “Тие не можеа да зборуваат. Затоа зборувам за нив. Многу луѓе зборуваат за мирот, но сакам да се преземе акција. Сакам сите да направат сѐ што можно”, рече таа.

Реико Хада

На 9.08.1945 година, во 11:02 часот, атомската бомба паѓа врз Нагасаки. Реико Хада има девет години кога тоа се случува. Имало предупредување за воздушен напад рано наутро, па Реико останала дома. После сигналот дека небото е јасно, таа оди во локалниот храм, каде во тоа време се одвива школската настава. По 40 минути наставниците ги пуштаат децата и Реико се враќа дома.

“Само што влегов во куќата и некаква страшна светлина ме заслепи. Немав време дури да сфатам што се случува. Во еден момент се стана бело и се слушна страшен татнеш. Се онесвестив. По некое време се разбудив.Нашиот учител нè научи да одиме во бункерите за време на воздушен напад, па ја најдов мајка ми и двете се сокривме.Немав гребнатина. Се спасив во планината Конпира. “, се сеќава Реико.

Нејзината мајка и другите жени им помогнале на повредените. Тие ја замолија девојката да им донесе вода, па таа земала длабок сад и отишла во блиската река. “Откако отпија само голтка вода, некои од луѓето умреа. Беше лето. Поради бактериите и ужасниот мирис, телата требаше веднаш да се кремираат. Тие беа натрупани во базенот на колеџот и кремирани до едно старо дрво. Невозможно беше да се дознае кои се овие луѓе. „Тие не умреа како човечки суштества“, вели таа.