Никола Груевски не поднел барање за апанажа потврди претседателот на Собранието Талат Џафери.
Пратениците му ја констатираа оставката на 11 јуни и отогаш тој имаше рок од 30 дена да поднесе барање за апанажа.
Доколку Груевски поднесе бараење за апанажа ќе зема цела пратеничка плата во висина од над 60 000 денари во период од една година.
Барање за апанажа не поднел ниту Павле Богоевски кој поднесе оставка на пратеничката функција по објавувањето на компромитирачките аудио снимки.