Еврејските работнички трупи во бугарската армија- алатка против депортацијата на Евреите

//

Пишува: Силвиja Авдала, Израел

Задолжителната работа како должност кон општеството и повод за мобилизација се појавила во Бугарија пред повеќе од 100 години. По ограничувањата на Договорот од Неј, владата на Александар Стамболијски го користела овој метод на активна посветеност на машката популација и истиот се покажал како одржлив – до почетокот на Втората светска војна. Во 1940 година, работничките трупи биле класифицирани како редовен дел од бугарската армија и останале такви дури до 2000 година. Меѓутоа, за краток временски период, работничките трупи во армиjaта имале и други функции, особено кога притисокот врз бугарската влада и царот да ги депортира Евреите во концентрационите логори се зголемил . Во својот дневник од 16 април 1943 година, премиерот Богдан Филов напишал:
„Тогаш Ц. /Царот/ зборуваше за еврејското прашање. Тој предложи да ги организираме Евреите во работничките трупи и на тој начин да го избегнеме нивното испраќање во Полска“.

Работничките трупи го даваат потребниот ефект и нивниот мотив се покажува како сосема разумен. Позицијата е за две работни сезони по 6 месеци. Исклучени се физички неподобните, оние кои се ангажирани во стратешки операции и оние кои сакаат да емигрираат во Палестина. Сите Евреи на мобилизациона возраст /18-45 години/ кои по професија се лекари, стоматолози и фармацевти добиваат граѓанска мобилизација и надоместок за својата работа. Врховниот командант на работничките трупи ген. Антон Ганев издаде десетици наредби за олеснување на животот на еврејските работници – им беше дозволено отсуство за лекување, на судски процеси, да се запишат на факултет. Сите оние кои не се навикнати на физичка работа добиваат намалени норми за работа, обука и повеќе паузи. Неколку од работничките трупи ги посетил лично братот на цар Борис – кнезот Кирил Преславски. Од времето на задолжителната работа, има десетици весели општи фотографии како спомен – доказ за добриот однос во инаку необичното опкружување за Евреите, но најтешкото време за нив во Европа.

За традициите на бугарската војска е невообичаено тоа што во редовите на работничките трупи биле мобилизирани Евреи кои биле странски државјани, Евреи со Нансен пасоши и странски државјани-дезертери. Така, немало опасност тие да бидат депортирани, да бидат побарани од нивните држави, за да бидат депортирани во Полска, а оние со истечени документи добивале воена книшка, која барем привремено ги заменувала личните документи.

Меѓутоа, меѓу мобилизираните има уште една категорија странски државјани – неколку стотици Евреи од Беломорието работат на градилишта во т.н. „стари предели“ на земјата под команда на полковникот Цветан Мумџиев. На почетокот на 1943 година биле ставени на неопределено отсуство и згрижени во семејства на Евреи од Пловдив. Сите тие непречено и безбедно го дочекале крајот на војната.

Во периодот 1941-44 година, низ работничките трупи на бугарската војска поминале вкупно 90.000 луѓе – Бугари, Ерменци, Моравци, Турци и Роми. 12.000 од тие луѓе биле Евреи.

Репресивните мерки наметнати со Законот за заштита на нацијата се укинати во времето на владата на Иван Багријанов – на 21 јули 1944 година. Уредбата, сепак, не ги укинува еврејските работни трупи, бидејќи тие не биле репресивна мерка, туку биле создадени според Законот за организација со кој се дефинираат видовите на воените трупи од 1940 година. Така, еврејските работници останале на градилиштата до крајот на работната сезона – 30 октомври. Многумина од нив му напишале писма на полковникот Мумџиев дека нивните кампови биле ограбени од советски војници кои минувале низ бугарска територија.

Уште пред крајот на војната, ген Антон Ганев и полковникот Цветан Мумџиев се судени од т.нар. „Народен суд“. Ген. Ганев е убиен за време на испрашување во милицијата. Полковникот Мумџиев е суден и само десетиците писма од благодарните Евреи ја поддржуваат можноста за негово ослободување.

Во 1967 година во Франкфурт на Мајна започна судскиот процес против поранешниот германски амбасадор во Софија, Адолф Хајнц Бекерле. Неговата одбрана тврди дека постоел „џентлменски договор“ меѓу Бекерле и цар Борис, според кој бугарските Евреи нема да бидат депортирани, туку ќе работат во границите на Царството. Аргументите, заедно со приложените дипломатски документи, не докажуваат таков „договор“, но се апсолутен доказ дека одбраната на Бекерле е свесна за тоа како цар Борис ја објаснил потребата бугарските Евреи да не ја напуштаат земјата.

Во 1994 година, голем број еврејски организации ја препознаа улогата на царот во спасувањето на Евреите, нарекувајќи го „морален државник“ и „бугарскиот Шиндлер“. А фотографиите направени во работните кампови сè уште се присутни во сите семејни албуми на бугарските Евреи.



Еврејска работничка група во Бугарија 1941 г.
Евреи во бугарски униформи во 1941 г.
Евреин од работничка група во бугарска офицерска униформа 1941 г..
Еврејска работничка група во Бугарија 1941 г.
Еврејска работничка група во Бугарија 1942 г.
Еврејска работничка група во Елин Пелин Бугарија 1941 г.
Еврејска работничка група во Пловдив Бугарија 1942 г.
Еврејска работничка група во Пловдив Бугарија 1942 г.
Лакатник, посета на еврејска работничка група 1941 г.
Ручек во еврејска работничка група во Бугарија 1942 г.
Одбележување на Јом Кипур во работнички камп во Бугарија.



Претходна статија

МНР со најстрога осуда за најновиот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид

Следна статија

(Видео) Перев за синоќешниот вооружен напад врз клубот „Цар Борис III“ во Охрид: „Треба ли некој да настрада, за некој и во Скопје и во Софија да си ја заврши работата “

Најново од Истакнато