ЦАРОВСКА: СО НОВАТА КОНЦЕПЦИЈА ДЕЦАТА ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ ЌЕ УЧАТ ЗA МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ И ГРАЃАНСКИ ВРЕДНОСТИ
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес имаше работен состанок со директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станчиќ.
На состанокот Царовска и Станчиќ разговараа за новата концепција за основно образование, со која се обезбедува инклузивност, мултикултурализам и толеранција. Еден сегмент од концепцијата е низ образовниот процес децата од најрана возраст да ги научат вистинските граѓански вредности, да ги почитуваат различностите и да градат едно општество за сите.
Управата како орган на државната во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се грижи за: потполна примена и реализација на уставните и законските права на припадниците на заедниците во сите степени на образовниот систем, развојот и унапредувањето на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, промовирање на принципите на мултиетничност, кохезија и заедништво меѓу учениците преку поттикнување за изучување на јазикот и културата на Бошњаците, Власите, Србите, Турците и на Ромите.