ХРВАТСКА ГО БОЈКОТИРА ДОДЕЛУВАЊЕТО НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи (МВЕП) донесе одлука нивниот амбасадор во Кралството Шведска да не учествува на церемонијата на доделување Нобелова награда во Стокхолм, бидејќи како што е наведено, наградата му била доделена на лице кое било политичко ангажирано за поддршка на големосрпската политика на Слободан Милошевиќ во 90-тите години на минатиот век.

Министерството го објави тоа на „Твитер“.

Годинешниот добитник на Нобелова награда за литература, австрискиот писател Питер Хандке, беше критикуван за неговите ставови за Србија и Слободан Милошевиќ.

На церемонијата, како што беше претходно соопштено, нема да присуствува ниту албанскиот амбасадор, ниту претставник на Приштина.

Доделувањето на Нобелови награди ќе се одржи денес во Стокхолм.

Извор: Макфакс