Месиќ: Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе придонесе за подобра соработка меѓу Скопје и Софија
Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе придонесе за подобра соработка меѓу Скопје и Софија и следствено на подобрување на односите во целиот регион, изјави поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ во интервју за порталот Индекс.мк.
-Во секој случај, тоа е право на Северна Македонија и сметам дека земјите соседи треба да направат нешто на дипломатско ниво, како што од договорот меѓу Скопје и Атина ја подобри соработката во целиот регион. Поради тоа, Бугарија мора да преземе чекори за да се постигне дипломатско решение, и покрај разликите кои постојат меѓу балканските земји, вели Месиќ.
Тој го нагласи големото влијание на проруски сили во регионот, кои дејстуваат и во Македонија и ги попречуваат евроинтегративните процеси.
-Вистина е дека антиевропските сили ги нема само во РСМ туку и во другите држави во регионот. Тие секако се присутни. Секако има некои проруски сили, но тие не можат да ја променат сегашниот курс на земјите кои се уште не се во ЕУ, за да го комплетираат пристапниот процес во Унијата. Руското влијание во Западен Балкан не е толкаво, како што некои го претставуваат, но најважно од се` е, Европската Унија да покаже интерес за земјите кои се уште не се членки на ЕУ да станат што е можно поскоро, рече Месиќ.
Извор: Слободен печат
