МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕВРОПА И АМЕРИКА ВО БРИТАНСКИОТ ФОРИН ОФИС, СЕР АЛАН ДАНКАН
Денеска остварив средба со министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.
На средбата говоревме за актуелните политички случувања во Македонија, евроатлантските интеграции на држава и претстојниот референдум за договорот со Грција. На средбата се потенцираше и значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
Го реафирмирав ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати Договорот со Грција, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор. Го повторив и ставот дека граѓаните на Македонија имаат доволно политичка зрелост и се достоинствени за сами да донесат одлука како ќе постапат на 30-ти септември, напиша Мицкоски на својата фб страница.
