ПРИТВОР ЗА ПЕТ ЛИЦА ОД СЛУЧАЈОТ „ИМПЕРИЈА“ НА СЈО

Вести Истакнато Македонија

Триесетдневен притвор добија петте лица осоминичени во случајот на СЈО „Империја“, Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски кои вчера беа на распит пред судија на претходна постапка. Решенијата за одредените притвори од страна на судија ги подигнале ноќеска обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефановска, а петмината осомничени во затворот „Шутка“, се донесени околу 2.30 часот. Во новата истрага „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство вкупно се осомничени 13 лица – Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.