УЛТРА ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА ЕРДОГАН: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ГРУЕВСКИ ДА ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР!!!

Забава Истакнато Магазин

Турскиот султан Реџеп Таип Ердоган изјавил пред турските медиуми дека нема да дозволи Никола Груевски да заврши во притвор. Тоа им се сонило на главните уредници на порталите финансирани од Белата палата. Потсетуваме дека пред извесно време на истите уредници им се сони дека Ердоган немаше да дозволи и промена на името на Република Македонија. Како што е познато и покрај „забраната“ на султанот, во македонското Собрание се најдоа 8 јунаци кои и покрај сите притисоци од Анкара решија да гласат за отворањето на Уставот и почетокот на процесот за уставни измени. Еве ја целосната изјава на Ердоган што им се сонила на „најпатриотскиот“ дел од новинарската фела.

„Нема да дозволиме Никола Груевски да заврши во притвор!!! Тој е вреден кадар и не смее да заврши така неславно. Ќе испратам авион за да го прибере кај нас, ама прво нека поранешниот македонски премиер ни даде информација каде точно се наоѓа.“- изјавил Ердоган во соништата на верните до гроП главни уредници.