МАЈКАТА НА БОКИ ЈОВАНОВСКИ- ЈАСМИНКА ИЗГЛАСАНА ЗА НОВ ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Вести Истакнато Македонија

Јасминка Јовановска, мајка на сопственикот на 1тв, Бојан Јовановски во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, јавува Истражувачката репортерска лабораторија. Пратениците во петокот на седница ја донесоа одлуката Јовановска за член на оваа комисија. Извори во редовите на пратениците кои одлучуваа, велат дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието. Ова го потврдија и пратеници од СДСМ и пратеници од Комисијата за избори и именувања од двете партии.