|

Две писма од Битола, во кои се раскажува и за трагедиите на луѓето од Демир-хисарско под српска власт. Писмата се објавени во весник “Македонија”, април и мај 1927 год

“Пред две години од с.Радово, Демир-Хисарско, избега во Бугарија Максим Радовски, затоа што беше прогонуван од сомничавата и неспокојна власт, која што беше го обвинила како јатак на четата на Алексо Стефанов.

“Обвинението” се градеше врз фактот, дека Максим бил фатен да носи шише вино, кое што сигурно – според србските заклучоци- било предназначено за четата, оти само комитите пијат вино.

На времето Максим беше измачуван по најжесток начин и тепан до дрвената му нога (тој е инвалид од војните) до полудување. Потоа го доведоа во тукашниот затвор, каде што беше подложен на нови тепање и мачења. Но бидејќи немаа никакви докази, а и самиот Максим не призна ништо, го екстернираа во Турција. Од Цариград тој премина во Бугарија, каде што се наоѓа и сега.

Кога научила за тој негов криминал, пандурската власт решава да го казни по един уште побезчовечен и невиден на друго место начин, така што ќе го понижи и растрои неговото семејство.

И навистина, пред некое време радовските србски пандури ја грабнуваат жената на Максима – Анѓа – во с.Сапотница и ја омажуваат насила таму за еден ништожен тип – нивно орудие. Се разбира и него го натеруваа да ги награди, затоа што го усреќиле по тој начин.”…

…”Во минатото писмо соопштив за насилното омажување на неразведената жена на инвалидот-емигрант Максим Радовски од с.Радово, крушевско. Неговите родители Миленко Неделков и Стојна Миленкова беа уапсени во Крушево и држени во затворот 10 дена, затоа што нивниот син си дозволил да протестира со едно писмо испратено до општинскиот советник во село Сопотница, Димитар Богданов, во кое што го искажал бес од тоа што ја му ја ожениле насила жената при жив маж.

Старците биле многу мачени, за да се откажат од синот им. Соучесник во таа одвратна приказна е Стефан Тургов од с.Сапотница, кој што е ортак на пандурите од таа општина во сите нивни беззаконија.”

Подготвила: Анета Лозевска



Слични Објави