| |

КОЈ ГИ ТРУЕ КУЧИЊАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?

Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ извести дека во последниов период, поконкретно откако стапи на сила полициски час на територијата, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици.

Се работи за расфрлање на отровот Метомил попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе реони низ Скопје и околината, за што сведочат и други здруженија и независни активисти, при што настрадаа повеќе здрави единки.

-Имаме информации за расфрлан отров во текот на изминатиот викенд во Карпош, Радишани, Ново Лисиче, Козле, Влае, а само пред неколку часа отруено е куче кое пред само една недела беше во непосредна опасност, кога настрада друго куче од истата околина, односно истата група на бездомни, но згрижени животни, стои во соопштението.

-Овие појави не се ништо ново во Скопје и Македонија и истите се случуваат со години наназад буквално насекаде, на целата територија на државата и до денес немаме сознанија за пронајден и соодветно санкциониран трујач.Од таа причина, бараме од сите надлежни институции и органи на прогонот, а особено од АХВ, МВР и ЈО, итно да постапат по најновите пријави, ревносно да ги истражат труењата и да им посветат зголемено внимание особено со оглед на ситуацијата затоа што се работи за насилни криминалци кои се опасни по луѓето и околината. Бараме и одговор на прашањето: како и покрај сите сознанија и сите инциденти низ годините, продажбата на ваков опасен отров тече непречено и слободно на пазарот, без соодветно евидентирање и контрола на купувачите?

Слични Објави