|

Џафери на Минхенската безбедносна конференција: во фокусот, улогата на Европа во безбедноста и одбраната

Премиерот Талат Џафери, денеска ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува во Минхен, до 18 февруари 2024 година.

За време на тридневната конференција, Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Фокусот на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција е на улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и во таа насока, на значењето на проширувањето на ЕУ, а во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Џафери за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот.

Минхенската безбедносна конференција, се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста.

Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција, преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот.

Слични Објави