|

Османи на Минхенската безбедносна конференција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денеска ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60-та Минхенска безбедносна конференција.

Министерот ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји.



Слични Објави