| | | |

(Видео) На 12 март 1981 г. во бугарскиот Државен регистар е запишана првата иновација во бугарската наука

На 12 март 1981 година појавата „Фотоелектретна состојба на материјата“ е впишана во Државниот регистар како прва иновација во бугарската наука. Зад него стои академик Георги Наџаков, кој своето откритие го презентирал на 22 јуни 1937 година пред Француската академија на науките, пишува Актуално.

„Фотоелектретната состојба на материјата“ го опишува фотоелектричниот ефект кај диелектрици и полупроводници и е позната и како ефект Наџаков–Андрејчин. Станува збор за појава при која под дејство на светлина и електрично поле се создава стабилна поларизација – фотополаризација, која останува и по отстранувањето на полето доколку материјата се чува во темнина. Иновацијата е основа за современата ксерографија и низа фотоелектрични уреди.

Акад. Наџаков дипломирал физика и математика на Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“ во 1920 година, а потоа заминува за Париз, каде што работи во лабораторијата на Пол Ланжвен и во Институтот „Радиум“ на Сорбона кај Марија Склодовска-Кири.

Во периодот 1937–1962 година ја раководел Катедрата по експериментална физика на универзитетот, а бил и декан на Физичко-математичкиот факултет. Од 1947 до 1951 година ја извршувал функцијата ректор на Софискиот универзитет.

Тој бил и потпретседател на Бугарската академија на науките, основач на секцијата за научна апаратура при Физичкиот институт на академијата и еден од основачите на Обединетиот институт за нуклеарни истражувања во Дубна. Автор е на околу 120 научни трудови и добитник на златниот медал за мир „Фредерик Жолио-Кири“ во 1967 година.



Слични Објави