ЗАХАРИЕВА: ЌЕ ГИ ПРОТЕРАМЕ РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ОБВИНЕТИ ЗА ШПИОНАЖА

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати поради обвиненија за шпионирање.

„Добивме писма со обвиненија од обвинителите. Ќе преземеме активности што сме должни да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за персона нон грата“, вели Захариева.

Захариева рече  дека поради тоа ќе го повика рускиот амбасадор во министерството за надворешни работи.

Обвинителите денеска објавија дека Русите се вклучени во шпионажа, но не можат да бидат судени заради дипломатски имунитет.

Извор: Макфакс