Проф. д-р Вачков: Елитите во Скопје и Софија треба да прикажат што е тоа минато и што е сегашност
Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија во изминатата година не го постигнаа потребниот напредок, вели за Бугарското национално радио, проф. д-р Даниел Вачков, директор на Институтот за историски студии и член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија.
„Се плашам дека и оваа година, иако закажавме многу состаноци на бугарско-македонската комисија, нема да има многу сериозна промена во пристапот. Се сомневам дека ќе се задржи, оваа политика на негирање на какви било заеднички процеси “, смета историчарот.
Проф. Вачков ги повика на одговорност елитите во билатералните односи, кои „во двете општества треба да почнат да презентираат што е минато, а што е сегашност“ и „да престанат да ја користат темата за решавање на нивните политички цели“.
Целиот разговор со проф. д-р Вачков слушнете го на следниот линк.
