|

ПОПОВСКА: ВО ИНСТИТУЦИИТЕ ИМА ЛУЃЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА БИЗНИС СО ОТПАД, УВОЗОТ НЕ СЕ ВРШИ КОНТРОЛИРАНО

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попoвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека образложението зошто вчера законот бил прескокнат е што го требало дополнителна консултација со институциите затоа што земјава е потписник на Базелската конвенција која земјите што извезуваат имале обврска и да увезуваат отпад.

Поповска рече дека ова не е логично оправдување, затоа што државата не членка на ЕУ и дека како држава треба да има своја стратегија за ова прашање.

„Ние како држава треба да се водиме од сопствените интереси, а првичен приоритет треба да ни бидат здрави граѓани. Сакам да порачам дека во моментот кога имаме високо загадување, не треба да има никакви калкулации, односно на прво место да има профит. Мислам дека во институциите има луѓе кои што се заинтересирани за учество во овој бизнис и други инволирани инстутуции треба да истражат што се случува“,изјави Попвска.

Попвска додава дека увозот на отпадот не се врши контролирано. Нема акредитирана лабараторија која би вршела анализа што се увезува вели таа, затоа додава дека е потребна ревизија на целиот систем.

Законот за управување со отпад, ниту денеска не е на агендата за расправа и според Попвска законот идната недела треба да се најде на собраниска седница. Очекува,дека законот ќе се донесе, зошто со негово кочење, како што рече профитот ќе биде ставен пред интерсот на граѓаните.



Слични Објави